По две години од потпишувањето на Договорот од Преспа денес живееме во нормална, демократска, слободна држава, партнер на регинот и светот. Од заробена држава, држава скарана со соседите и поделена внатре, денес сме светол пример во регионот, држава членка на НАТО, држава која наскоро започнува преговори за членство во ЕУ- вели во интервју за 24 инфо претседателот на СДСМ Зоран Заев.
За работата на МВР за време на Техничката Влада вели дека е лоша и на штета на државата и граѓаните. Според Заев здравствените медицински работници даваат се од себе да се справат со коронавирусот, а од Наќе Чулев видел само следење на партиски инструкции. За гласањето на 15 јули ветува дека ќе биде безбедно за сите граѓани и сериозно се размислува исто да се одвива во надворешни услови.
-Македонското знаме гордо се вее среде Брисел со најсилните демократски земји.
На прашањето ако победи на овие избори СДСМ , што ќе направите прво со новата Влада по евентуалната победа за нејзино постепено враќање во нормала, Зев вели дека СДСМ е фаворит на изборите и очекувам убедлива победа на изборите.
-Пред се поради одговорните, државнички политики во изминатите 3 години, но и заради успешното справување со предизвиците кои ги предизвика глобалната пандемија на ковид 19 од здравствен и економски аспект. Навремените мерки и чекори што Владта предводена од СДСМ ги презеде, обезбедија амортизирање на првичните удари врз економијата. Сето она што досега како Влада во трите години мандат го презедовме како и трите пакаети економски мерки придонесоа последиците врз економијата да бидат најмали во споредба со регионот, а процеот на заздравување да биде што пократок. Тоа е тврдење и на сериозни меѓународни финансиски институции, меѓу кои и Светска банка, која потврди дека нашата земја е меѓу оние од регионот кои најдобро се справуваат со последиците од економската криза. Ние градиме нова македонска екононија. По изборите секако дека не очекуваат економски предизвици, но ние имаме план. Нашата програма е подготвена, во неа се опфатени решенија и мерки за брза трансформација на нашата економија. Покажавме дека можеме од економија во минус, да создадеме стабилна, развојна економија со повиоски плати, со пониска невработеност. Преку брза трансформација ќе покажеме дека може да изградиме нова, развојна македонска економија која ќе дава шанса за сите, која брзо ќе ги постигне претходните стапки на економски раствлеи Заев.