Заев: СДСМ ја има најдобрата кадровска понуда која ќе донесе развој на секоја општина

од Берта Китинска
178 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил најави дека изборната кампања на неговата партија ја започнува од Битола.

-Најдоброто меѓу граѓаните и за граѓаните!Денеска во Битола и Демир Хисар ќе дадам силна поддршка за Христо Кондовски и Стевче Митревски затоа што само СДСМ ја има најдобрата кадровска понуда која ќе донесе развој на секоја општина!Вие одлучувате! Со вашиот глас избирате заедништво и развој наспроти поделби и заробена држава. Ве повикувам да направите споредба и разлика. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место. Изберете го Најдоброто!,напиша Заев на Фејсбук.