Заев се огласи на Фејсбук по средбата со Мицкоски

од desk2
116 прегледи

По лидерската средба вчера на која на иста маса премиерот Заев седна со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска премиерот се огласи на Фејсбук.

– Дозволете да споделам задоволство дека дијалогот продолжува. На средбата со Христијан Мицковски разговаравме за оние елементи кои се важни да обезбедиме фер, демократски и кристално чисти претседателски избори, како и за многу други работи за кои е неопходен дијалог, како што е процесот на помирување. Опозицијата прифати со работни групи да преминеме и на разговори за Законот за јавно обвинителство. Очекувам позитивни ставови, бидејќи сите очекуваме Република Северна Македонија во јуни да ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ. Тоа е аспирација на сите наши граѓани, на сите политички субјекти – и на власта и на опозицијата. Обврската ни е заедничка, напиша Заев на својот Фејсбук профил.