Заев: Се скратува работното време на угостителските објекти, се забранува и групирање по 21 часот

од Берта Китинска
254 прегледи

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, информира премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук.

-Се скратува работното време на угостителските објекти  до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици , а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите  во Скопје и Охрид. На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот. Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби, пишува Заев.

Слични содржини