Заев се сомнева на злоупотреба на ПИМ мерките- „Поткуп“ одложен за 4 мај!

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој  е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев е одложено за 4 мај по барање на одбраната  а како причина се наведува достава на  сите докази од предметот кои се уште не им се доставени од страна на Обвинителството, иако вакви барања имало повеќе пати досега.

Адвокатот Филип Медарски истакна дека нивно законско право е да ги имаат доказите во рака бидејќи според Законот за кривична постапка нив требалон  да ги добијата уште кога им бил доставен обвинителниот акт. Тие направиле увид на доказите, меѓутоа не добиле копија.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го задолжи Обвинителството да ги достави доказите за да можат  адвокатите да подготват одбрана и на следното рочиште да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќање на Заев и адвокатите.

За одбраната за Заев спорно е тоа што при увидот а по завршување на истражната постапка, не им била дадена на увид наредбата за спроведување на посебни истражни мерки , што според него, е клучно за да се утврди дали тој бил следен надвор од законската рамка, ка,о и за можните злоупотреби на истите.

Заев изјави дека од двеста страни докази против него, за наводен   поткуп за изградба на црква, Обвинителството до денеска не му дало ниту една страна, ниту еден доказ, а тие ги преслушуваат и си креираат, како што рече Заев, нови дела и обвиненија против него.