На мое големо задоволство, денеска во посета ни дојде австрискиот МНР заедно со претставници на Австриската стопанска комора, компании од Австрија, претставништва на австриски компании кои веќе се присутни кај нас и претставници од Трговското одделение при Австриската Амбасада во Скопје и Белград, сите дел од економската делегација која е дел од Економскиот форум кој се одржува во Северна Македонија, напиша премиерот Зоран Зааев по средбата со Михаел Линхарт.
-Благодарен сум на пораките на МНР Линхарт, упатени и до нас, но и до колегите од ЕУ за целосната поддршка на отпочнување на нашите преговори со ЕУ во декември. Тоа ќе е неспорен импулс за целиот Западен Балкан.
Економската соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија е столб на нашето силно пријателство, кое токму преку ваквите настани го негуваме.Чест беше да се запознаеме со претставниците на Larkalis Umwelttechnik GmbH, Waagner-Biro Austria Stage Systems GmbH, Geppert GmbH, ANDRITZ HYDRO GmbH, PV – Invest Gm, LEMIS Handels GesmbH, BFE Studio- u. Medien-Systeme GesmbH, Lansky, Ganzeger, Goeth, Frankl & Partner. Се надевам дека ќе имате плодна дискусија на форумот, напиша Заев.