Заев: Сега со уште повеќе верба да се посветиме на градењето европски стандарди дома

од Берта Китинска
286 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги посети новите простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на новата владина зграда.

„Владата на Северна Македонија, веќе втор мандат продолжува успешно да го надоградува концептот за Едно и еднакво општество за сите. Нашето општество е изградено од граѓани со различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености кои се наше богатство.И сите тие, припадници на различните етнички заедници, се дел од нашиот мозаик наречен Северна Македонија и даваат личен и значаен придонес во развoјот на нашето мултикултурно и мултиетничко општество“, изјави Заев.

Тој додаде дека се обезбедува заштита на сите прашања кои сеоднесуваат на политичкиот живот односите меѓу заедниците, почитувајќиго спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата нзаедниците и гарантирањето назаштитата на етничкиот, културниот,јазичниот и верскиот идентитет назаедниците.

„Сега, повеќе од било кога треба да работиме сплотени заедно, за да си ја направиме земјата подобро место за живеење. Сега со уште повеќе верба, посветеност и единство, да се посветиме на градењето европски стандарди дома. Тие стандарди значат одговорност и отчетност пред граѓаните во борбата за Едно општество за сите. Значат
бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот за да се обезбеди достоинствена живеачка тука во нашата татковина. Тоа е во мандатот на сите министри и заменици-претседатели на Владата, тоа е во мандатот на целата Влада, верувам дека заедно ќе се движиме кон таа цел“, вели Заев.

Слични содржини