Премиерот Зоран Заев во интервју за АФП, потсети на компромисот со Грција за промена на името, и уште еднаш потенцираше дека е разочаран од Европа во целост, која не покажала ниту малку од своите европски вредности.
Ветото на Бугарија за С.Македонија и нејзиниот влез во Унијата е спротивно на вредностите на ЕУ и предизвика горчина кај нас, посочи Заев.
„Непријатно изненадување“ според Заев како што вели е потегот на Соофија, да го блокира донесувањето на преговарачката рамка, која впрочем би довела до оддржување на првата меѓувладина конференција помеѓу Брисел и Скопје.
АФП, објаснувајќи ја основата на потегот на Бугарија, објавува дека Софија сака „нејзиниот мал сосед да ги признае бугарските корени на нејзиниот јазик, народ и историја, пред да дозволи балканската земја да напредува во процесот на пристапување“. Оттаму, Заев уште еднаш повтори дека секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“.
„Тоа е прашање на самоопределување, што е во срцето на европскиот проект. Постои апсурдност во целиот проблем“,вели Заев во неговото интервју.
АФП во интервјуто потсетува дека Северна Македонија веќе се соочи со блокади во евроинтеграциите од Грција, и објаснува дека за да се надмине тој ќор-сокак, Заев постигна „тежок договор со Атина во 2018 година“, со што земјата во името доби географска одредница „Северна“ за да се разликува од грчката провинција Македонија.
„Покажавме колку веруваме во европските вредности. И сега, кога Европа требаше да ги покаже своите вредности, тие не го направија тоа“, заклучи Заев во своето излагање.