159
Премиерот Зоран Заев вели дека секој што ќе се пријави на апликацијата за вакцинација ќе добие вакцина.
-Текот на вакцинацијата е поврзана со големите количини кои ги очекувам на почеток на јуни месец, еден дел од Фајзер од КОВАКС, имаме најавено неколку донација. 500 илјади дози од „Синовак“ треба да пристигнат кон крајот на мај почетокот на јуни. Предвидувам дека таа динамика ќе биде соодветно испочитувана бидејќи се што зависи од кај нас е потврдено, но зависи и од компаниите кои ги испорачуваат, изјави Заев.