Заев: Секоја искра може да значи нов пожар, мораме да внимаваме сите

од Берта Китинска
153 прегледи

Премиерот Зоран Заев го прекина годишниот одмор и направи обиколка на опожарените подрачја во Малешевијата. Од најкритичната точка над селото Будинарци, Заев уверува дека државата ќе се справи со пожарите кои ги зафати земјава.

– Уште еднаш апелирам до сите граѓани на одговорност, има строга забрана по шумите, мораме да внимаваме сите и тоа внимание мора да биде посочено и за себе и за другите. Нормално секоја искра може да значи нов пожар.Значи, да пријавуваме ако имаме нешто загрозувачко или слично. Веќе се поднесени пет кривични пријави за пет случаеви. Рака на срце, три од нив се ненамерно предизвикани пожари, двата се веројатно намерно предизвикани, тоа истрагата и обвинителството ќе го утврдат, тие се процесуирани и секако казните се огромни. И ќе бидат огромни, рече Заев и апелираше до сите на одговорност и на солидарност.