255
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во врска со повлекувањето на Радмила Шекеринска од местото заменик-претседател на СДСМ, рече дека заедно во договор со неа и членството ќе се отстапат простор за избор на нови луѓе.
-Шекеринска не поднесе оставка од позицијата заменик претседател на СДСМ, таа најави дека нема намера да се кандидира за трет мандат.Нејзината одлука ја почитувам.Таа е заслужна за влезот на нашата земја во НАТО и за многу важни процеси во државата.Таа е мој другар, другарка и без разлика каде ќе се најде во општеството или во СДСМ јас со неа ќе соработувам.Јас и Радмила и огромен процент од нашето членство се договориме дека треба да го обновиме раководството и да се даде шанса на нови луѓе, изјави Заев.