Кој ќе ја плати направената штета и како само со казна на директорката, која на крај излезе колатерална штета, ќе се покрие овој скандал, праша пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова за шетата која навивачката група „Шверцери“ ја направи во Македонскиот народен театар.
Премиерот Зоран Заев и одговори дека владата го организирала настанот до 9 часот, а за остатокот, псоле 21:00 часот
„Постои правилник за наградување и санкционирање, па согласно тоа одредивме казна. Надоместокот на штета ќе го плати навивачката група, ако не го платат, ќе го плати директорката. Овде е материјална штета за која се има право да се надомести и притоа да се извлече санкција. Работна група формиравме, рефериравме пред граѓаните. Штетата ќе биде надоместена, а духовната и етичката штета ќе биде надоместена согласно правилникот за наградување или санкционирање“, рече премиерот Заев.
А.Т.