Заев: Сите функционери и администрацијата на минимална плата, освен лекарите, полицијата и војската

од Aleksandar Todeski
382 прегледи

Месечна плата во висина од 50% од просечната плата за работникот за граѓаните кои останале без работа поради кризата од коронавирусот е една од мерките кои денеска ги презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а кои ќе ги достави до владата, како предлог мерки од економскиот тим на СДСМ.

„Функционери и раководители на државно и локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, судии и обвинители ќе земаат минимална плата за месеците април и мај. Вработените во јавниот сектор одат на минимална плата од 14.500 денари за април и мај“, истакна Заев.

Ова не се однесува на лекарите, полицијата и војниците. Подобро два месеци со минимална плата за сите отколу да нема за никој.

„Се покажа дека е оправдано што се качија платите на докторите“, рече Заев.

Слични содржини