Заев: Скопје ќе продолжи да се гради, но со усул, повеќе ќе се развиваат перифериите

од Nikola Popovski
163 прегледи

„Скопје ќе продолжи да се гради, но со усул. Не мегаломанско Скопје кое ќе ја блокира флуктоацијата ма ветерот и воздухот, туку ќе се развиваат перифериите“, изјави денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за уредувањето на кејот ,,13 Ноември”.

Според премиерот, поради ова е донесен новиот урбанистички закон за просторно и животно планирање кое што прво ја испраќа пораката дека нема повеќе паркинг надвор од парцела.

„Паркингот мора да се реши во парцелата. Верувам дек ставивме нормативи кои што го амортизираат мегаломанскиот апетит на инвеститорите, а од друга страна даваме можност преку периферно градење на градот“, истакна Заев.