Заев: Слободата на медиумите е една од најважните вредности, растот на медиумските слободи е во нагорен тренд

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Најновиот индекс на „Репортери без граници“ со кој Северна Македонија се искачува на 38 место од 180 оценети држави ни носи уште една потврда за исправноста на патеката, на која ја поставивме државата и за исправноста на социјалдемократските политики од 2017 година наваму. Ова попладнево на Фејсбук го напиша поранешниот премиер Зоран Заев.

– Слободата на медиумите е една од најважните вредности и придобивки за која се боревме и која почнавме да ја освојуваме уште од времето кога го уривавме режимот. Треба да сме горди што веќе седма година по ред, растот на медиумските слободи е постојан, видлив и во нагорен тренд, истакна Заев.

Тој упати честитка до медиумските работници, властите и граѓаните што во ниту еден момент, како што наведува, не отстапија од оваа демократска определба.

-Уверен сум дека ваквите слободарски и демократски трендови носат трајна промена во нашето општество, напиша Заев на Фејсбук.

Слични содржини