Заев со амбасадорoт Расули: Иран сака да инвестира во С. Македонија

од Nikola Popovski
174 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Сејед Мохамед Џавид Расули, амбасадор на Исламската Република Иран во нашата држава.

На средбата е пренесена голема заинтересираност од Иран за развој на економската соработка помеѓу двете држави.

Амбасадорот Расули, задолжен за Северна Македонија од Софија, соопшти дека за време на неговиот двегодишен мандат во Бугарија, за два и пол пати ја зголемил економската соработка помеѓу Бугарија и Иран и дека иранските бизнисмени се заинтересирани за инвестирања на нови пазари и конкретно во Северна Македонија.

„Ние сме фокусирани на развивањето на меѓународните односи во рамките на нашите стратешки цели, НАТО и Европската унија, но како држава којашто се стреми да отвора економски перспективи, градиме пријателства во целиот свет. Покажавме дека сме мирољубива мултиетничка држава, симбол на пријателствата и на мирот, пример за мирот и стабилноста и уверени сме дека сите овие политики допрва ќе придонесат за силниот развој на економски план, на што работиме. Во таа насока, сме заинтересирани да ја унапредуваме економската соработка и со Иран и гледаме можности за тоа“, рече премиерот Заев.

Слични содржини