Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати честитка по повод Божик до верници на Католичката црква.
-Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани! Упатив честитки по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик до сите верници од Католичката црква и до христијаните што слават според Грегоријанскиот календар.
Божикните празници ни пренесуваат пораки кои поттикнуваат човечко милосрдие, добри дела, разбирање еден со друг и љубов во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава.
Водени од пораките на овој голем празник овие светли денови да ги поминеме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни, напиша Заев.