Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со честитки до Албин Курти по повод неговиот повторен избор за Претседател на Владата на Република Косово.
Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во писмото истакнува дека е уверен дека политичкиот дијалог и соработка ќе продолжат со несмален интензитет и со посебен акцент на европската и евроатлантската соработка и со меѓусебна поддршка, консултации и размена на искуства за натамошен прогрес во реализирањето на стратешките цели на двете земји, и изрази надеж за скорешна средба на двајцата премиери.