Честитки до премиерот на Шпанија, Педро Санчез преку социјалната мрежа Твитер испрати лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев.
Тој во твитот додава и дека очекува навремена ратификација на протоколот за членство на земјава во НАТО, додавајќи дека се радуваме за фактот што многу скоро ќе бидеме триесеттиот сојузник во Алијансата.
„Честитки за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа. Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО“, напиша Заев.
Честитки @sanchezcastejon за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа.
Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО. 🇲🇰🇪🇸
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 7, 2020