Заев: Со креативност и инвентивност дојдовме до решението за личните карти со новото уставно име

од Nikola Popovski
250 прегледи

Два месеци работеа сите правни и стручни служби за да се пронајде решение за новите лични карти со продолжен рок, а на кој наедно е испишано и новото уставно име на земјата, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

Според него, со креативноста на правните служби, заедно со законодавството утврдиле дека Законот за употреба на јазиците е доволна основа и самиот Устав е доволен.

-Така да ја поздравувам правната формулација и изразувам благодарност до стручните експертски служби во МНР, Владата и сите кои изнајдоа решение. Се пронајде инвентивност и креативност. Треба да бидеме сите среќни и задоволни на ова решение, додаде премиерот.

Околу 40.,000 граѓани не можеа да добијат нови лични карти, откако Левица поднесе 1500 амандмани за новиот закон, а од денеска тие се изработуваат по донесениот подзаконски акт.