Заев: Со новата Влада на Бугарија очекувам прифатливо решение за двете страни

од Andreja Salpe
440 прегледи

Премиерот Зоран Заев очекува во април да биде формирана новата Влада на Бугарија и со тоа да продолжат разговорите и да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, бидејќи тоа е интерес за целиот Западен Балкан на ЕУ, а дефинитвно и интерес на бугарскиот народ.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција за тоа какви се очекувањата по формирањето на новата Влада во Бугарија и дали ќе се укине нивното вето за нашето членство во ЕУ, тој истакна дека е убеден дека ќе се изнајде решение, но повтори дека македонскиот индентитет и македонскиот јазик не биле и не може да бидат тема на разговор и преговори.

Заев наведе дека Бугарија во континуитет ги поддржува евроинтеграциите на С. Македонија и на целиот Западен Балкан.

„Важно е каква историја денеска пишуваме, важно е што ќе им оставиме на младите, на идните генерации”, рече Заев на прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Слични содржини