Заев: Со новиот образовен модел, гарантирам дека никој нема да остане без работа

245 прегледи

Премиерот Зоран Заев, на денешното свечено отворање на објектот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, одговори на новинарско прашање врзано за новиот концепт во образованието, и контроверзиите врзани за истиот.

„Треба да сфатат сите дека ќе има дебата, ќе бидат прашани и родителите и наставниците и децата. Но, сфаќаме дека ни се потребни реформи во основното образование. Отворен е концептот, имаме време и не треба да бразме. Треба да добиеме најдобар модел. Ако тргнеме од себеси, и не ги приоритизираме децата ништо нема да направиме. Децата ќе имаат нова можност и перспектива. Јас гарантирам дека со овој модел, нема никој да остане без работа. Па оттаму, експертската група и ние сите, треба да стартуваме кога ќе комплетираме се, дури и тоа да значи почеток на новиот концепт во учебната 2021/22 година“, истакна Заев.

Слични содржини