Заев со обраќање: Да си посакаме здравје, но пред сѐ да придонесеме со нашето однесување кон здравје (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Премиерот Зоран Заев преку видео обраќање се обрати на сите граѓани со апел за одговорно да се прослават претстојните празници.

Посебно се заблагодари на сите оние кои се во првите редови во борбата со коронавирусот. Ги спомена лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците, припадниците на полицијата, на армијата, инспекциите и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба, притоа нарекувајќи ги херои.

„Ве повикувам, огромната поддршка и почит кон лекарите, кон медицинските работници, кон полицијата и армијата, да ја изразиме со најодговорно однесување и со целосно почитување на мерките во периодот пред нас! Еве ги новогодишните и божиќните празници. Да си посакаме здравје, но пред сѐ да придонесеме со нашето однесување кон здравје. Ако имаме здравје, ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските.

Затоа „ПРАЗНУВАЈ ОДГОВОРНО” – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи. Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата. Апелирам уште еднаш, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските и за јавното здравје. Да ги почитуваме мерките – да ги поддржиме сите кои се на првата линија на борбата“, вели во обраќањето Заев.

Слични содржини