Заев со порака до Државниот инспекторат: Не треба да водиме јавна војна за рамковните административци

од Берта Китинска
245 прегледи

Премиерот Зоран Заев во врска со вработени според Рамковен договор посочи дека сака да испрати порака до сите директори кои прават отпор да не прават отпор, заради тоа што имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шансата чесно да ја работи својата работа, односно да работи.

-Ако не им се работи, дали тие што се преземаат сега или што се досега вработени, треба да им се заблагодариме и да си одат дома. Испраќам, пред се, порака до Државниот инспекторат, кој е многу гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведливи самите одлуки, а не да водиме така да кажам јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба на никој, затоа што ова е нешто кое народот го очекува од кај нас, да нема вработен во јавната администрација кој зема плата, а не оди на работа, рече Заев.

Досега околу 750 лица се распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности.

 

Слични содржини