Заев: Со позитивни одлуки градиме пријателство, а со негативни горчина

од Берта Китинска
433 прегледи

Се надевам дека пријателска Бугарија ќе остане на договорот за пријателство Со позитивни одлуки градиме пријателство, а со негативни горчина, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето за тоа како ја коментира новата изјава на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, која во денешното гостување во бугарската телевизија БТВ порача дека Бугарија вели – „не за почеток на преговорите, но не и за членство на земјава во ЕУ“.

-Јас се надевам дека пријателска Бугарија ќе остане на договорот за пријателство. Ако не се задволно со нешто имаат можност 130 пати низ 34 поглавја да стават вето. Напоменува дека ги имаме решено прашањата за  5 историски личности, 3 историски периоди спремни сме да ги објавиме во нашите учебниците, и тие во нивните .Со позитивни одлуки градиме пријателство со негативни горчина.Не треба двата народи никој да ги одалечува туку да ги зближува.Одговорноста за решавањето на спорот ќе зависи од политичарите,. Иако е ГАК на 17, има време, до декември. До крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција. Очекувам крик на пријателство од бугарската страна“ вели Заев.

Слични содржини