Официјална фотографија на Нејзиното Височество, Кралицата, Принцот од Велс со Генералниот секретар на НАТО и Шефови на држави и влади од државите-членки на Алијансата, стои на официјалниот Твитер профил на Кралското семејство.
На фотографијата со британската кралица Елизабета Втора, заедно со премиери или претседатели од земјите-членки на НАТО е и премиерот Зоран Заев, како премиер на земја која по ратификацијата на Протоколот во Шпанија, ќе стане полноправна членка на Алијансата.
Инаку, владина делегација предводена од Премиерот Зоран Заев два дена е присутна на Самитот на НАТО во Лондон.
📷An official photograph of
Her Majesty The Queen, The Prince of Wales, NATO Secretary General and
Heads of State and Government from countries who form the North Atlantic Treaty Organisation. pic.twitter.com/DMQp3wGQ6m— The Royal Family (@RoyalFamily) December 3, 2019