Заев: Со реконструкцијата на „Римскиот пат“ кон Хераклеа, ги приближуваме вредните историски локалитети

од Берта Китинска
181 прегледи

Ги чуваме нашите културни наследства за идните генерации, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Со реконструкцијата на „Римскиот пат“ од Битола кон античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, ги приближуваме вредните историски локалитети поблиску до граѓаните и туристите.Ја зајакнуваме прекуграничната соработка во регионот, со цел да го зголемиме квалитетот на туристичката понуда почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча, напиша Заев.