Заев со шефицата на Европската комисија: Нема преговори за идентитетот

од Nikola Popovski
215 прегледи

За време на вчерашната посета на Скопје, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази целосна поддршка за формално отворање на пристапните преговори со Северна Македонија што е можно поскоро.

-Целосно го поддржувам формалното отворање на преговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Не губете ја вербата, сте постигнале голем напредок досега. Иднината на Северна Македонија е во Европската унија, рече Урсула фон дер Лајен за прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Заев рече дека Скопје досега покажа конструктивен пристап кога станува збор за европската интеграција, но нагласи дека прашањето за идентитетот не може да биде предмет на преговори.

Тој нагласи дека нашата земја, во духот на европските добрососедски односи, ќе ги интензивира разговорите со Бугарија, со цел да се решат отворените прашања.

-Досега покажавме подготвеност и конструктивен придонес за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство, но не е можно да се преговара за прашања на идентитетот, и задоволни сме што од Бугарија доаѓаат сигнали за разбирање, потенцира Заев.

Слични содржини