375
Премиерот Зоран Заев испрати длабоко сочувство до британската кралица Елизабета Втора, по повод смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип.
„Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Северна Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург“, објави Заев.
Принцот Филип, почина утрово во замокот Винздор.
Кралското семејство на својот Твитер профил објави за неговата смрт. Принцот Филип имаше 99 години.