Заев: Соработката со БЕСА ќе продолжи и на локалните избори

од Nikola Popovski
190 прегледи

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денес се сретна со лидерот на БЕСА, Билал Касами, при што ја означија соработката на претстојните локални избори.

-Коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата, информира премиерот.

Тој додаде дека со претседателот на БЕСА, Билал Касами се согласиле дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараат и утврдуваат најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ.

Изборите ќе се одржат на 17-ти октомври, а ќе бидат распишани на 6-ти август.

Слични содржини