Иницијативата „Отворен Балкан“ е еден од начините на кој Србија и Северна Македонија ќе ги зајакнат долгогодишните и традиционално добри билатерални односи, изјави премиерот на Зоран Заев во интервју за весникот „Политика“,.
Заев вели дека лидерите на двете земји се водат од принципот дека подобрувањето и надградувањето на меѓусебните односи е нивна обврска, која, како што вели, ќе им биде пренесена на идните генерации како непроценливо богатство.
Како што рече, идејата за „Отворен Балкан“ се родила како израз на таквата решителност и политика.
„Иницијативата е резултат на силната политичка волја на Северна Македонија, Србија и Албанија и највисокиот интерес на овие три земји за заедничкиот регионален пазар и негов долгорочен развој“, рече Заев.
Премиерот на Северна Македонија посочи дека целта на иницијативата е нашите народи што поскоро да почувствуваат директни, економски придобивки од капацитетите кои носат заеднички одлуки.
Според Заев, се очекува наскоро да се почувствуваат предностите во буџетот на милиони семејства и во квалитетот на животот на граѓаните на двете земји.