Во знак на благодарност до Србија за вакцините дадени на С. Македонија, премиерот Зоран Заев вчера ја објави можноста граѓаните на Србија, ова лето да не плаќаат патарина во нашата земја.
Тој ова го рече во емисијата „Само интервју“ и процени дека вредноста на вакцините што Србија ни ги подарила е поголема од 700.000 евра.
„Чувствуваме потреба на пријателството, да вратиме со со пријателство. Размислуваме и не знам дали е изводливо или не, Владата на С. Македонија ова лето да откупи картички за патарина за сите со српски регистарски ознаки и пасоши, за да ги ослободи од патарините. Да возвратиме на некој начин“, рекол Заев.