Заев: Ставивме крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија

од Берта Китинска
370 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска преку видео обраќање упати порака повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.

-Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот нѐ потстетува дека од витално значење е да обезбедиме посветени политики и методи и терапии за добра контрола на состојбата на лицата со дијабетес. Тоа е обврска на општеството и затоа вложувањето во јавното здравство и во здравјето на сите граѓани е водечки приоритет во нашата земја.Тоа го докажавме со тоа што ставивме крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија. Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, од 2017 година наваму, направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес, изајви Заев.

Слични содржини