Заев: Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени

од Vladimir Zorba
154 прегледи

СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време, рече вечерва лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес и првата седница на Централниот одбор за избор на раководни органи и тела на партијата.

– СДСМ е партија што гради човечки капацитет, на Конгресот е избрана заменичка претседателка Сања Лукаревска, што докажува дека партијата ја спроведува политиката на рамноправност и поддршка на младоста. Изгаласан е предлогот за кадроваско освежување на новиот состав на Централниот одбор – рече Заев.

Тој потенцираше дека подмладен значи и подобар СДСМ и дека две третини од Централниот одбор е освежен, со што го задржуваат и континуитетот. Млади се 45 членови што е 35,5 проценти, најмногу и во СДСМ и во која било друга партија во Македонија. СДСМ е партија на сите граѓани и таа разноликост ја вреднуваат и на овој начин.

За претседатвач на Централниот одбор, соопшти тој, е избран Перо Костадинов ,градоначалникот на Валандово, а за членови, покрај другите, избрани се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Коста Костадинов, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Дарко Каевски, Васко Ковачевски, Тања Томиќ, Благој Бовчарски, Андријана Будимир, Рената Јајовска, Јована Тренчевска…За генерален секретар повторно е избран Љупчо Николовски. За потпретседатели се избрани Фатмир Битиќи, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче, додека Сања Лукаревска ќе биде заменик претседател на СДСМ, порачувајќи дека со оваа одлука праќаат порака дека им даваат шанса на младите.