Заев: Тие што зборуваат за „заевизам“ страдаат од „завидлизам“

од desk2
121 прегледи

Премиерот Зоран Заев од Градскиот парк на Маршот на жените, рече дека Скопје никогаш не било поубаво од денес, а не знае дали е тоа поради сонцето или поради жените на СДСМ кои искочија на марш. Тој порача дека тие денес не слават, туку се борат за права.

„Речиси во сите 17 цели на ОН се споменуваат жените и девојките. Наша обврска е тие цели да ги постигнеме. Да ставиме крај на сиромаштијата, да овозможиме иклузивно еднакво и квалитетно образование. Ништо нема да се оствари ако не се вклучат жените од целиот свет и нашата земја. Ние сме социјал демократи. Нашата обврска е најголема. Светот ги препозна нашите успеси. Тргнаа работите од дома. Само нашите опонентни зборат за „заевизам“. Нема „заевизам“ туку „завидлизам“. Тие што зборуваат за „заевизам“ си прават туризам на умот“, рече Заев.

Заев потенцираше дека тие водат грижа за сите.

„Рамноправност е кога Силјановска на 5-ти мај ќе ни ја честита победата на Стево Пендаровски. Имаме кандидат за чиста петка“, додаде Заев.