Заев: ТИР зоните го зголемија бројот на вработени и во услови на пандемија

од Vladimir Zorba

Компаниите во ТИР зоните го зголемија бројот на вработени и во услови на пандемија. Вкупно се ангажирани 14.067 лица, што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година. Според договорите овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места најдоцна до 2025 година, а досега од тоа се пополнети 66%, сподели премиерот Зоран Заев.

Дирекцијата за технолошки индустриски зони ги презентираше економските движења и новиот концепт и развојни планови за зоните.

Анализите покажуваат дека кај компаниите во ТИР зоните има позитивен економски тренд на заздравување од кризата и потенцијал за раст, а регистриран е и зголемен број на вработени.

Слични содржини