Активната транспарентност на министерствата, Владата и општините е зголемена за 18% од 2016 година, според најновите податоци на извештајот за „Индекс на активна транспарентност 2021 година“ на Центарот за граѓански комуникации, поддржан од УСАИД. Вкупната активна транспарентност за 2021 година изнесува 63%, за разлика од 2016 кога била 45%, сподели премиерот Зоран Заев.
Владата од категорија „просечна транспарентност“ во 2016 година со 25%, оваа година се искачи на 93,5% и е во категорија на институции со „многу добра транспарентност“.
„Транспарентноста е еден од главните постулати врз кои се темелат политиките на Владата и има важна улога во борбата против корупцијата. Ме радува тоа што политиките во насока на поголема транспарентност и отчетност на институциите даваат позитивни резултати, а тоа се нотира во релевантните извештаи“, смета тој.