Заев: Твитот не треба да е поврзан со ратификација на меморандумите

од Берта Китинска

Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш- рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

„Во фудбалска репрезентација, играат македонски, албански и други играчи, и тоа се  македонски играчи, но и вистината дека е тоа репрезентација на Северна Македонија. Тоа е така според Договорот од Преспа. Проблемот за кој прашувате не треба да е поврзан со ратификација на меморандумите во грчкиот парламент, бидејќи таа ратификација ја чекаме две години и ќе можеме да почекаме уште три месеци.“, рече Зоран.

Грчкиот весник „Катимерини“ напиша  дека Атина ќе ја одложи ратификацијата на три меморандуми за соработка меѓу Северна Македонија и Грција во Парламентот, поради „твит“ на премиерот Зоран Заев за време на натпреварот Македонија – Холандија во Амстердам.Со тоа ратификацијата на меморандумите наместо во јули, ќе се случи во септември.

Слични содржини