Заев: Учебниците каде пишува бугарски фашистички окупатор ќе се менуваат

од Берта Китинска
404 прегледи

Нема да се менуваат учебниците по историја, но ќе се менуваат термини бугарски фашистички окупатор, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање  во врска со договорот со Бугарија каде треба да има промени во  учебниците.

– Тоа се термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спреми се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, кажа Заев.

Слични содржини