Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,во интервју за Скај вели дека сите материјали што ги има ќе ги достави до Специјалното обвинителство и никој нема право да ја скрие вистината од македонските граѓани. Понатаму тој додава дека мора даночниците да се стават во контрола за да нема рекет врз бизнисот.
Можно ли е да очекуваме директор на УЈП и на некои битни институции од редовите на СДСМ?
– Ние сме насочени кон ослободување на контролните тела од тесно партиските стеги на ВМРО-ДПМНЕ. Jа враќаме контролата кај граѓаните. УЈП и другите контролни органи мора да работат исклучиво во интерес на граѓаните. Начините како да се обезбеди тоа се различни, но за нас најважна е целта и од неа нема да отстапиме. УЈП повеќе не смее да пишува казни во илјадници евра со цел да рекетира и заплашува фирми. Институциите мора да работат по закон и законот за секого да важи подеднакво. Никој нема право да ги малтретира граѓаните. Секој граѓанин, бизнисмен, професионалец во приватниот сектор, во администрацијата, може да пријави притисок, а казните, знаете, се до затворски.
Пронајден мртов Горан Софески, поранешен шеф на военото разузнување
Дојде време кога уценувачите треба да се плашат од граѓаните. За нас најважно е да ја обезбедиме слободната волја на граѓаните. За тоа сме во преодната Влада, а не за да владееме со ВМРО-ДПМНЕ, така што единствено кон тоа сме фокусирани.
Повеќе ТУКА
