Премиерот Зоран Заев го поздрави историскиот успех за младиот Дејан Георгиевски, кој на Летните олимписки игри во Токио се закити со сребро.
„Северна Македонија 🇲од денес има олимписки медал во таеквондо во категорија над 80 килограми. Од сѐ срце им честитам на Дејан и на неговиот тим, коишто успешно се изборија за заслужениот медал. Нека овој успех биде поттик за сите, дека со љубов, истрајност и напорна работа, успесите се неминовни“, истакна Заев.