Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил ги повика амбасадорите и претставниците во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората колку е важно да се попишат.
-Успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики за потребите на граѓаните и за развојот на државата.
Ова го заклучивме на денешниот работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија, во земјите членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО, што се одржа попладнево во МНР.
Ги повикав нашите амбасадори и претставници во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората колку е важно да се попишат и дека со тоа тие директно ќе придонесат за подобра македонска иднина, според критериуми, како во сите современи земји во светот, напиша Заев.