Заев: Верувам дека договор со Бугарија ќе се случи

од Nikola Popovski
347 прегледи

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите соопштил дека во следните неколку недели очекува средба со неговиот бугарски колега, Бојко Борисов.

„Бугарија е голем пријател на Северна Македонија и верувам дека ќе останеме на тоа. Ние треба да имаме добра волја, да гледаме позитивно за да се реши проблемот. Верувам дека договорот ќе се случи до вториот Совет на министрите на Европската Унија на 8, 9 или 10 декември, а ќе имам и средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Верувам дека и работните групи, коишто контактираат интензивно, ќе створат атмосфера за тоа“, изјавил Заев, на маргините на Македонскиот енергетски форум.

Тој додал дека му е драго што Бугарија го признава македонскиот јазик и идентитет.

Официјална Софија тврди дека Скопје го прекршило Договорот за доброседство потпишан меѓу двете држави во 2017 година во неколку области- формулациите за историјата и јазикот, застој во работата на историската и меѓувладината комисија, поддршка на претензиите за признавање на македонското малцинство во Бугарија и говор на омраза и пречки за бугарскиот бизнис во Северна Македонија. Од македонското МНР засега нема одговор.

Слични содржини