Целиот Западен Балкан каска со вакцинацијата освен Србија која не е членка на НАТО. Свесни сме дека се намалија количините на Фајзер низ земјите кои требаше да дадат дел од своите вакцини и затоа премиерите не можат да испорачаат бидејќи имаат мали количини, вели премиерот Зоран Заев во своето гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 телевизија.
-Не е како што беше замислено.Но, ние во февруари ги очекуваме нашите први количини од вакцината кои се договорени веќе со Фајзер. Морам да појаснам дека Централата на на Фајзер за југоисточна Европа е регистрирано во Србијаи јасно е зошто добија први, ние сме во контакт со нив и јас објавив дека од нив ќе добиеме донација од 8000 вакцини.За да ја добиеме оваа донација од Белград, треба одобрението треба да стигне од Њујорк. Она што треба да го знаат граѓаните е тоа дека мора да влезе прво вакцината за да се регистрира и после се прави регистрацијата. Јас верувам дека деновиве кои се пред нас ќе стигната првите количини од Србија, изјави Заев