Заев: Власите имаат посебно место и во поновата, современа историја на нашата земја

од Nikola Popovski
455 прегледи

Во мое лично име и во име на Владата, на сите припадници на влашката заедница им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите. Одбележувањето на овој празник е можност да искажеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција, вели премиерот Зоран Заев во својата честитка по повод Денот на Власите.

Тој потенцира дека со овој ден се оддава чест на исклучително значајниот придонес на влашката заедница во нашата заедничка историја, во општествениот и културен развој на Република Северна Македонија.

„Влашката заедница секогаш била силен и темелен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност, во сите етапи на македонската државност. Власите споделувајќи ги овие вредности за вистина и праведност, учествуваа и имаат истакнато место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во сите премрежија и се нераскинлив дел на нашето вековно заедничко живеење“, нагласува премиерот, додавајќи дека посебно место имаат Власите и во поновата, современа историја на нашата земја.

„Истакнато место, учество и влијание имаат во стопанството, во финансискиот сектор, во високото образование како универзитетски професори и академици“, заклучува Заев.

Слични содржини