Заев: ВМРО-ДПМНЕ има брак од интерес со АА, поставува бизнисмени за кандидати за да им ја платат кампањата

од Nikola Popovski

Коалиција за 27-ми април ли е тоа? Заедно стоите позади исти ставови. Имате исти ставови за меѓународните политики на државата со Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија? Стоите исти ставови за еднаквоста меѓу Македонците и Албанците. Брак од интерес ли е тоа?, го праша премиерот Зоран Заев лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изборната коалиција со Алијанса на Албанците за претстојните локални избори.

Според него, опозицијата ги поставила 3-то или 4-то рангираните на нивните партиски анкети.

-Многу често ставивте луѓе кои ќе ја платат кампањата, бизнисмени, само поради пусти пари. За разлика од вас, ние ги поддржавме најдобрите. Брима прави редовен барометар на истражувања. Таа во ваше време беше најчесната агенција, му обрати Заев на Мицкоски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини