Заев во Берлин ќе биде награден од Фондацијата „Фридрих Еберт“

од Берта Китинска
391 прегледи

Mакедонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе биде награден од фондацијата „Фридрих Еберт“.

Наградата се доделува за посебни достигнувања и се однесува за  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, Договорот од Преспа со Грција, членството во НАТО и одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија.

Наградата ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт , а на премиерот Заев ќе му ја врачи министерот за надворешни на Германија, Хајко Мас.

Премиерот Заев, во Берлин ќе има средба и со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој претседава со Советот за општи работи на ЕУ на чие заседание во вторник треба да се усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија.

Слични содржини