Заев во Брисел ќе се сретне со Борел и Мишел

од Andreja Salpe
222 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска патува за Брисел каде што вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан на која ќе се разговара за актуелни прашања за регионот во контекст напредокот на земјите во процесот за нивно пристапување во ЕУ.

Непосредно пред вечерата премиерот Заев ќе оствари куса средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел.

Премиерот Заев оваа посета на институциите на ЕУ во Брисел ќе ја заврши утре со средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Слични содржини