Заев во Брисел: Не сакаме да стоиме и да чекаме повеќе

од Берта Китинска
371 прегледи

„Ние дишеме, живееме и растеме со европските идеи и вредности! И знаеме дека нема друг начин освен европскиот. Ние сме посветени на нашите заеднички вредности и на спроведувањето на стандардите и критериумите на ЕУ. И, ние не сакаме да стоиме и да чекаме повеќе. Ние сакаме да се движиме затоа што движењето напред е европски начин. Ние сме за мобилност, а не за sидови“, порача вчера премиерот Зоран Заев по средбата со високиот претставник на ЕУ, Борел.

Притоа, премиерот Заев порача дека „ние не бараме повеќе од она што заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро“, што како што оцени Заев беше признаено како заслужено и потврдено од март 2020 година и Северна Македонија ги исполни своите обврски и сега е време ЕУ да ги испорача, порача премиерот Заев.

Премиерот Заев подвлече дека позитивен чекор напред за Република Северна Македонија, е порака за охрабрување и за целиот регион и повлекувањето, за Северна Македонија ќе биде порака за обесхрабрување за целиот Западен Балкан.

„Јас го знам ова и европските лидери го знаат ова. Ајде заедно да постапиме европски и да одиме според европскиот пат“, рече претседателот на Владата Заев за време на заедничката изјава со Борел, по нивната средба.

Високиот ЕУ претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел упатувајќи добредојде на премиерот Заев, порача дека по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за важноста на Западен Балкан и за континуираната дури и зајакната посветеност на овој регион, била потврдена европската перспектива на целиот регион.

Тој подвлече дека постои многу силна поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија што е можно поскоро.

Притоа Борел, истакна дека нашата земја на тој пат, може да смета на поддршката од европските институции исто како и во однос на поддршката за обезбедување на вакцини за граѓаните на Северна Македонија, при што како што нагласи Борел, првата пратка од вкупно наменети 120.000 вакцини финансирани од Европската Унија веќе пристигнаа во нашата земја.

Слични содржини