Заев: Во брзо време ќе биде пронајдено решение со Бугарија

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев има големи надежи дека во брзо време ќе биде пронајдено решение со Бугарија.

-Ова се темели на неколку основи, како на пример дека е постигнато многу меѓу работните групи од двете земји. Се работеше на петте точки додека траеше изборната кампања во двете земји. Изборите се завршени и кај нас и кај нив и новата Влада е на повидок во Бугарија. Ние испраќаме порака дека мнозинството е стабилно и зголемено и гарантира дека до 2024 година ќе остане. Тоа е значајно и за Бугарија, дека овде има стабилна влада за преговори. Опциите се 14-ти, 28,29 и 30 декември, но и почетокот на јануари, за свикување на првата Меѓувладина конференција, рече Заев на прес-конференција во Клубот на пратеници, после потпишаниот договор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тој додаде дека и компромисот меѓу Бугарија и Македонија е добра работа.

Слични содржини